Диспанзерите TATSUNO од серијата OCEAN ВМР4000 EURO служат за точење на течни нафтени деривати во возила. Станува збор за прогресивен едностран или двостран диспанзер кој може да има од едно до десет истакачки места (максимум по пет истакачки места на секоја страна на диспанзерот.
Диспанзерите се опремени со високо квалитетниот Јапонски хидрауличен систем TATSUNO и веродостојниот калкулатор PDE (Czech Republic). Сите диспанзери од серијата OCEAN можат да функционираат во рачен мод (на пр. off-line), и во автоматски мод, каде што диспанзерот е поврзан со фискалниот систем, а што се однесува на податоците како што се литрите, и цената се пренесуваат до фискалниот апарат. TATSUNO BENC BG-16 конзоли може да се користи за управување со диспанзерите или диспанзерите можат да бидат директно поврзани за системот за точење на бензинската станица.